5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакроекономската политика за економски раст и подобар животен стандард: Да се привлече...

Макроекономската политика за економски раст и подобар животен стандард: Да се привлече странскиот капитал

bgov0

Клучно за макроекономската политика во земјата, за економски раст и подобар животен стандард, е да се привлекуваат странските инвестиции, како и капитал и штедењето, рече гувернерот на Народната банка (НБРМ), Димитар Богов, кој во петокот учествуваше на конференцијата „Перспективи 2016“ во организација на бизнис магазинот Економија и бизнис.

„Трендот на најсилните европски држави во однос на штедењето е дека каматите ќе паѓаат и тука ни е шансата да го привлечеме тој капитал од Европа за да може да се кредитираат домашните фирми. Работната сила и населението во иднина ќе се намалуваат и треба да се почне со обука на кадри за сегашните трендови како ИТ технологијата и програмирањето. Компаниите да почнат да се стимулираат да извезуваат, а такви сé уште се во мал број во Македонија, и тие да бидат моторот на Македонија“, порача гувернерот Богов.

Во однос на тоа како да се финансира економскиот раст, тој напомена дека сега најголемиот товар е на банките и оти е потребно да се вклучи и пазарот на капитал – хартии од вредност.

На крајот Богов истакна дека е потребно вложување во истражувањето со цел полесно да им се помогне на домашните фирми на странскиот пазар. Во Македонија има вишок ликвидност и се подобруваат условите за кредитирање.

Според Марјан Петрески професор на Универзитетот Американ колеџ Скопје, треба техничкиот јаз да се затвори и домашните фирми да се доближат до странските фирми, односно македонски фирми да станат снабдувачи на странските.

Притоа потенцираше дека финансиските средства кои како дознаки доаѓаат од странство, кои се движат од 400 милиони до милијарда долари, треба да се искористат подобро и да се започне со издавање обврзници со овие пари .Според Петрески, фирмите треба да бидат потранспарентни, бидејќи во Македонија уште доминираат фирми со ограничена дејност, ткн ДООЕЛ. Истакна дека и Џини коефициентот за 2008 за Македонија бил 44 отсто, за во 2013/2014 да падне на 38 проценти. Нееднаквиста, според него, се намалила од 1990-те години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП