15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкспертите порачуваат да се обрне внимание на ИТ компаниите и претприемачкиот дух

Експертите порачуваат да се обрне внимание на ИТ компаниите и претприемачкиот дух

duk3

Треба да се направи претприемачка атмосфера и да се обврне големо внимание на ИТ компаниите, каде што младите луѓе ќе се натпреваруваат, порачаа експертите кои во петокот во Скопје учествуваа на конференцијата „Перспективи 2016“ организирана од бизнис магазинот Економија и бизнис, на којашто се разговараше и за многу теми поврзани со економските политики на Македонија за изминатите години од осамостојувањето на земјата, како и за наредните 25 години.

Според Зоран Јовановски, сосопственик на магазинот, целта е преку истакнати говорници да се слушнат нивните мислења за стратешките економски прашања за иднината на Македонија и да се изгради заеднички пристап околу најважните економски прашања.

Миливоје Ѓорѓевиќ од FX3X рече дека во Македонија како млада и бизнис единка, направени се доста чекори во склад со европските економии, но потенцираше дека треба да се направат радикални чекори кои ќе донесат промени и за на крај треба да се најде начин да се стимулираат младите од ИТ индустријата.

„Во повеќе од дваесетте години е напревен пресек меѓу два система, во кој сега можеме да ги видиме добрите и лошите страни. Во Македонија како млада и независна бизнис единка напревени се доста чекори со склад со некои европски економии. Во Македонија потребни се радикални промени со кои ќе напредување брзо. Македонија треба да најде начин како да ги стимулира младите ИТ инженери“, рече Ѓорѓевиќ одговарајќи на прашањето како функционираше бизнис секторот во Македонија и какви се плановите за во иднина.

Според директорот на „Фероинвест“, Кочо Анѓушев, напревен е голем чекор во однос на странските инвестиции, но напомена дека е потребно време за да се согледаат нивните бенефити за да може да се даде една конечна оцена.

„Направен е голем чекор во однос на странските инвестиции, потребно е анализи за да се согледаат и нивните бенефити и тогаш ќе може да се даде конечно оцена. Треба да се направи атмосфера во претприемништвото, што уште ја нема и треба да се обрне внимание на тоа, каде што младите луѓе ќе се напреваруваат. Треба да се направат позитвни примери од претприемачи од Македонија кои ќе бидат пример за другите, за кои во земјата има услови. Во Македонија уште владее атмосферата во која младите или ќе се занимаваат со политика или ќе ја напуштат државата. Во иднина треба да се потпреме на домашните сили“, рече Анѓушев.

Македонија во септември годинава прослави јубилеј 25 години незавнисност, и на конференцијата се очекува да се направи едно резиме за претходните 25 години како и за наредните 25 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП