18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарискиот договор за климата обезбедува нови можности за бизниси

Парискиот договор за климата обезбедува нови можности за бизниси

promeni33

Најдобрите компании имаат програми за социјален развој и заштита на животната средина. Тие инвестираат стратешки иницијативи поврзани со одржливиот развој и вршат социјалните планови. Тоа го коментира бизнисменот и професор Вилијам О`Брајан.

Според него мировниот договор за климата, кој влезе на сила на 5.11.2016 година обезбедува можности за бизнисите да ги постигнуваат своите цели.

„Ако сите ги почитуваат обврските кон овој договор, тогаш во следните седум години ќе имаме можност да им оставиме на следните генерации еден подобар свет“, коментира тој.

Бизнисменот објасни дека инвестициските компании кои учествуваа на состанокот во Париз, управуваат над 230 илјади милијарди долари и генерираат приходи во вредност од околу 8 илјади милијарди долари.

Парискиот договор дава можности да се управуваат ризици, бидејќи компаниите се соочуваат со голем број предизвици.

Според О`Брајан новиот претседател на САД Доналд Трамп ќе стане лидер кој е мотивиран од вредностите и најверојатно нема да ги стави под закана проектите, како мировниот договор.

„Верувам дека главите на светските лидери се трансформира во тоа да веруваат дека треба да работиме во насока на надминување на климатските и еколошките проблеми, за да ги промениме бизнис моделите во светот“, додава О`Брајан.

Договорот усвоен на конференција во Париз во декември минатата година, има за цел да го ограничи зголемувањето на просечната температура на Земјата со доста под 2 Целзиусови степени во споредба со прединдустриското време. Меѓу државите кои го ратификува договорот се држави кои се големи загадувачи, како САД, Кина, Индија, како и Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП