19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа се постават црвени линии во економијата

Да се постават црвени линии во економијата

jovanovski333

Да се одлучи какво општество сакаме, која е нашата крајна цел, кои се основните постулати во градењето на економските политики, каква патека треба да заземе Македонија на регионалното економско интегрирање, какви економски политики ѝ се потребни на Македонија во наредните 25 години, се дел од темите на кои се разговара на конференцијата „Перспективи 2016“, организирана од бизнис магазинот Економија и бизнис.

„Целта на конференцијата денеска е со една импресивна листа од говорници да разговараме и да ги слушниме мислењата за она што се нарекува стратешки економски прашања за иднината на Македонија. Целта е да се истражи просторот за да изградиме консензус околу најважните економски прашања“, рече Зоран Јовановски, сосопственик на магазинот.

Според него, Македонија е исклучително мала земја за да може да си дозволи луксуз да биде поделена, меѓу другото, и по прашањата на економски стратешките прашања.

„Мораме да дефинираме црвени економски линии за коишто ќе постигнеме консензус и којшто ќе бидат приоритет на долг рок“, додаде тој. „И треба да се договориме какво општество сакаме, која е нашата крајна цел, сакаме да се договориме кои се основните постулати во градењето на економските политики, сакаме да видиме каква патека треба да заземе Македонија на регионалното економско интегрирање, какви економски полтиики и се потребни на Македонија во наредните 25 години и во сето тоа тоа треба да се слушне гласот на бизнисот“.

Бидејќи Македонија, во септември годинава прослави убав јубилеј, 25 години независност, на конференцијата се очекува да се направи едно резиме што научивме за тие 25 години за македонската економија и ќе се размислува како натаму во наредните 25 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП