20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ги престави туристичките потенцијали на Светскиот туристички саем

Македонија ги престави туристичките потенцијали на Светскиот туристички саем

world-travel-market

Македонија, преку Агенцијата за промоција на туризмот ги престави своите потенцијали на Светскиот туристички саем (ВТМ), кој од 7. до 9.ноември се одржа во Лондон.

Македонија своето преставување го имаше во повеќе области; археологија, историја, култура, лов и риболов, рурален туризам, носе престави и преку класичниот класичен туризам како дел од традицијата (Галичка свадба) и настани како што се карневалите.

ВТМ брои 5.000 учесници од целиот свет и 50.000 професионалци од светската туристичка индустрија. На овој саем на масата на туристи им се нудат нови понуди и им се откриваат нови дестинации.

Основна работа на ВТМ не е да биде само манифестација на која ќе се прават зделки за пакет арнажмани, туку да стане вистинска берза на која секоја земја ќе може да го прикаже она што го нуди, она за што верува дека ќе ги привлече купувачите, истакнуваат од Агенцијата.

На македонскиот штанд во големиот изложбен простор Ексел, во источнот дел од Лондон, со свои понуди присутни беа и агенциите Фибула, Визит МК и Го-Балкан.

На манифестацијата, традиционално, сите учесници се трудат да уредат атрактивен штанд, нудејќи ги на него, често и раскошно, својата култура, традициите и кујната, во што посебно се истакнуваат африканските, латиноамриканските и карипските земји.

На Светскиот туристички саем учествуваа и Грција односно Турција како најдоминантни земји од овој регион, а свои понуди имаа и Хрватска и Бугарија. Годинава за прв пат своите потенцијали ги престави и Албанија.

Македонија меѓу 2009 и 2015 година бележи раст на туризмот од 13 отсто, а најбројни се гостите од Турција, Грција, Бугарија, Србија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП