18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговијата со Косово паѓа заради неизградениот 13 километарски автопат

Трговијата со Косово паѓа заради неизградениот 13 километарски автопат

nebi-hodza-696x522

Албанскиот бизнис во Македонија е насочен на извоз кон Косово, но непостоечката или слабата инфраструктура на позврзување со нашиот северен сосед придонесува извозот кон Косово во последните пет години да падне за 2,5 пати.

„Ние бараме, иницираме автопатот кон Блаце, конкретно кон Косово, да се заврши што побрзо оти тој 13 километарски автопат, кој не е многу во вредност, би носел многу поголем бенефит на стопанството на Македонија. Ние знаеме дека во 2011 година во Македонија обртот со Косово беше 550 милиони евра извоз и 30 милиони увоз“, рече Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора за северозападна Македонија, во петок на конференцијата „25 години независна Република Македонија: Што научивме за македонската економија и како понатаму“, која се одржува во Скопје.

Тој појасни дека во истиот период, Косово кон Албанија изгради автопат од 300 километри кој чинеше две милијарди евра, што значи дека економијата меѓу Албанија и Косово се зголеми, а со Македонија назадуваше и имамае паѓање на тој обрт и сега Македонија кон Косово изнесува некаде 200 милиони евра, што значи пад за околу 2,5 пати.

„Затоа апелирам до властите и политичарите да се насочат кон капитални инвестиции кои носат бенефит за стопанството и за бизнисот“, рече Хоџа.

Се пожали дека како Стопанска комора на северозападна Македонија која претежно го застапува албанскиот бизнис во Македонија, доставиле повеќе барања до институциите за подобрување на економската клима но до сега немаат добиено конкретен одговор.

„Последните барања се транспарентност на властите, отчет, подобрување на Бруто домашниот производ и ред други барања кои ние сме ги доставиле до сите институции“, рече Хоџа.

На денешната конференција со еминентни гости се очекува да се постават црвени линии во економијата за која сите, без разлика на која политичка опција припаѓаат да се сложат со консензус, да се направи една стратегија за следните 25 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП