17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста на грчките острови се зголеми во август

Невработеноста на грчките острови се зголеми во август

grcija-zname33

Поради бегалскиот бран невработеноста на островите во Егејското Море се зголемува. Изградените бегалски кампови доведуваат до намалување на туризмот, а оттаму и на работните места во оваа индустрија.

Според статистиката во август невработеноста на островите се зголемува со 4 проценти.

Генерално невработеноста во земјата оствари раст на месечна, но пад во однос на минатиот август. Измерената невработеност е 23,4%, наспроти 23,3% во јули и 24,6% во август 2015-та година.

Без работа се малку над 1,1 милиони луѓе, а како главен проблем со наоѓање на работа се среќаваат младите и луѓето на возраст од 55 до 64 години. Вработените во грчката економија се малку над 3,22 милиони лица.

Нивото на невработеност кај жените е 28%, наспроти 28,5% во минатиот август. Кај мажите работите стојат значително подобро – невработени се 19,7 отсто од работоспособните мажи во земјата. Во август 2015-та година нивниот процент беше 21,5 отсто.

Податоците покажуваат намалување и на младинската невработеност од 48,3% до 46,5% во август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП