14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFAO: Скокнаа цените на храната во светот во месец октомври

FAO: Скокнаа цените на храната во светот во месец октомври

hranaааа44543дефхѕјѕу

Цените на храната во светот во месец октомври пораснаа, со што е продолжен трендот на нивното зајакнување кое се бележи од јануари, соопшти денес Организацијата при Обединетите нации за храна и земјоделство FAO, додавајќи дека се подобрени перспективите за глобалното производство на житарки.

ФАО индексот на цените на храната, кој ги мери месечните промени во корпата со житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер, порасна во октомври на 172,6 поени, што е за 0,7 проценти повеќе во однос на септември и за 9,1 проценти повеќе во однос на октомври минатата година, пренесува агенцијата Ројтерс.

Одржливата побарувачка за кашкавал и путер во Европската унија ги зголеми цените на млечните производи за 3,8 проценти на месечно ниво, додека цените на шеќерот пораснале по веста за намаленото производство во Бразил и Индија.

Слабата увозна побарувачка ширум светот за палминото масло ги намали цените на маслата, а слабиот апетит меѓу кинеските увозници за свинско месо ги намали цените на местото.

Цените на житарките во октомври пораснале, на месечно ниво за 1,0 проценти, а FAO прогнозира дека глобалното производство на пченица оваа година ќе изнесува за 1,5 проценти повеќе отколку во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП