27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромет од над 20 милиони денари на МСЕ

Промет од над 20 милиони денари на МСЕ

mk-berza

Во текот на четвртокот на Македонската берза беше остварен вкупен промет од 20.299.116,87 денари и беше реалзиран преку 68 трансакции и истргувани 20.783 акции.

Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за 0,17 отсто и достигна 2.101,76 индексни поени, додека ОМБ и натаму е непроменет.

Повторно акцијата на Комерцијална банка беше на врвот, со промет од околу 13,3 милиони денари и учество од фантастични 65,59 отсто во вкупниот промет. Се истргуваа 4.788 лотови по просечна цена од 2.780,76 денарии преку 14 трансакции.

Листата на „милионери” ја надополнија и акциите на Макпетрол АД Скопје со промет од 1,876 милиони денари, Охридска банка АД Скопје со промет од 1,470 милиони денари и Стопанска банка Скопје со промет од 1,037 милиони денари.

Акцијата на Охридска банка АД Скопје со најголем пад на вредноста од 2,71 отсто, а зад неа Стопанска банка Битола со пад од 2,34 проценти.

Со обврзниците за денационализација РМДЕН15 беа реализирани две трансакции во вкупна вредност од 646.473,87 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар