5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија зголемен бројот на возила на гас

Во Македонија зголемен бројот на возила на гас

%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%b8%d0%bb%d0%b0

Во Македонија само 11.620 возила се на плински уред, а другите 226.513 се со бензински мотор, додека 203.643 се со дизел гориво а има 63 електрични возила, покажуваат официјалните податоци, но наспроти тоа неофицијалните податоци зборуваат за зголемување на бројот возила иако неофицијалните податоци говорат за зголемување на бројот возила со вграден автогасен уред.

Сепак, според фирмите што работат на вградување на ваквите уреди на гас, бројката возила што користат плин е двојно поголема од таа што евидентирана и се проценува дека нивната бројка е околу 25.000 вакви возила. Разликата е во тоа што голем број од возилата не се пријавени, возат без соодветен документ атест за вградениот уред.

Плинскиот уред може да се вгради во секое возила со ОТО мотор (со погон на бензин). Цените на плинскиот уред зависат од марката и од типот на возилото. Генерално цените се движат од 300 евра до 1.400 евра.

Бидејќи, гасот се добива од нафтата, што значи дека со растот на цената на нафтата, ќе расте и цената на плинот. Сепак, сигурно е дека цената на плинот секогаш ќе биде за 50 отсто поефтина од таа на бензинот, така што за исплатлива се смета инвестицијата во плинската инсталација во возилото.

Од електричните автомобили, пак, во Македонија се возат „Cinquecento“ од фирмата „Giza“. Максималната сила е 5 Kw со максимална брзина од 70 km/h, што за градските услови е сосема довонолно.

Другиот вид на електричен автомобил во Македонија е „Daewoo Matiz EV“, конструиран од фирмата „Anima“. Максималната брзина е околу 90-100 km/h. Батерии се полнат 5,5 -6 часа и со едно полнење може да помине околу 50 км.

Засега проблемот во Македонија се немањето станици за полнење на електричните автомобили, за во иднина се најавени субвенции и олеснување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП