7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLinkedIn забранет во Русија

LinkedIn забранет во Русија

linkedin-660x330

Судот во Русија во четврток ја потврди одлуката за забрана на социјалната мрежа LinkedIn заради кршење на законот за заштита на податоците на корисниците.

Градскиот суд во Москва ја одби жалбата на компанијата на пресудата на окружниот суд, во која се наведува дека та мрежа го прекршила законот кој предвидува податоците на руските државјани да се чуваат исклучиво на руските сервери.

Тужбата против популарната мрежа ја поднесе Федералната служба за надзор на комуникациите.

Сајтот на LinkedIn и натаму е достапен во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП