4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи се враќаат во нормала

Европските берзи се враќаат во нормала

berzi-ey3

Европските берзи го достигнаа највисокото ниво во последните две недели. На европските берзи денеска конечно цените на акциите го достигнаа највисокото ниво, после неочекуваната победа на Доналд Трам на американските претседателски избори.

Па така лондонскиот FTSE, парискиот CAC и францускиот DAX индекс во 9:30 беа со добивка меѓу 1,0 и 1,3 отсто.

По неочекуваната победа на Трамп во трката за Белата куќа, вчера наутро STOXX 600 индексот остро падна, но кон крајот на денот ги надомести сите загуби и денот го заврши со позитивни 1,5 отсто.

Утринава цените на акциите продолжија да се движат во нагорна линија, меѓу најголемите добитници со раст од 3,2 отсто е рударскиот сектор, што се должи на растот на цената на металот. И банкарскиот сектор бележи раст на акциите од три отсто.

По вчерашните осцилации поддршка на пазарот дава и растот на цената на нафтата. На американскиот пазар утрово барелот поскапе за 0,7 отсто, односно на 45,60 долари, додека, пак, на лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,1 отсто или 46,90 долари.

На берзата во Токио Nikkei индекс бележи скок од 6,7 отсто, што е неговиот најголем дневен скок во последните девет месеци. Па така ја надомести целата вчерашна загуба од 5,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП