Од јули досега, Народна банка на Македонија откупила 105 милиони евра на девизниот пазар и со тоа надоместила на 80 отсто од продажбите во периодот април- мај, кога НБМ интервенираше за да ги смири шпекулациите околу девизниот курс на денарот, беше соопштено во четвртокот.
Купувањето на девизите придонесе за натамошно подобрување на денарската ликвидност на банките во земјата. Банката петти месец по ред го откупува вишокот девизи од банките, и со тоа ги надополнува девизните резерви.
Во октомври фирмите имале зголемена понуда на девизи, при истовремен пад на побарувачката. Подобри остварување се забележуваат и на девизниот пазар на банките со физички лица, во услови на стабилизирање на побарувачката и на натамошниот раст на понудата на девизи. Во текот на ноември банките повторно оствариле нето-откуп на девизи од физички лица.
Во однос инфлацијата, по неколкумесечно намалување на потрошувачките цени, просечната годишна стапка во септември и октомври е умерено позитивна и изнесува 0,2 отсто, во просек предизвикана од растот на базичната инфлација.