18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНишто од најавата за затворен базен во Крива Паланка

Ништо од најавата за затворен базен во Крива Паланка

sala-bazen33

Иако уште пред повеќе од седум месеци од градоначалникот на Крива Паланка и Владата беше најавено дека спортската сала во ќе биде преадаптирана во затворен базен, сликата од теренот покажува дека таму се уште не се започнати ниту почетните градежни активности.

„Мојата иницијатива е од пред една година, горд сум што Крива Паланка ќе добие ваков, повеќе од потребен спортски објект. Ние како општина веќе направивме спортска сала, поради што сметавме дека постојната сала која е недоизградена да биде пренаменета во базен. Ова ќе биде полн погодок за мојот град“, изјави во март годинава градоначалникот Алексовски.

Но, фотографиите покажуваат дека или сé уште се работи на документацијата или ветувањето е дадено за одредени политички цели.

Со оглед на тоа дека досега сите информации во врска со проектите во Крива Паланка се објавени на веб страницата на општината, во овој случај не може да се најде никаква информација. Ист е случајот и со веб страницата на Агенцијата за млади и спорт .

Дел од граѓаните кои почесто го користат патот кој е покрај спортската сала велат дека ова место е претворено во наркоманско дувло каде во доцните часови се собираат дел од младите и тука конзумираат лесни опојни дроги и алкохол. Салата воопшто не се оддржува од никого, велат загрижените граѓани.

Градбата на спортската сала, која сега е само карабина-конструкција, почна во 2000 година, и после 15 години е во сé полоша состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП