12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе гради инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1

Се гради инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1

tirz-prilep-696x465

Деновиве со забрзано темпо се работи на изградбата на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1, се асфалтираат улиците и се поплочуваат тротоарите со бекатон плочки.

Инвестицијата е тешка осум милиони денари, а парите се обезбедени како донација од Светска банка.

„Досега се асфалтирани 380 метри од улицата во оваа зона, се градат тротоарите од двете страни на коловозот, а ќе се постави и улично осветлување. Со ова на еден начин од 80 до 90 проценти ќе биде инфраструктурно завршена оваа зона. После отворањето на погоните, кои интензивно се градат тука, во оваа зона ќе може да се отворат од 1.500 до 2.000 нови вработувања и мислам дека ова ќе биде вистински пример во Македонија како треба да изгледа една современа индустриска зона“, рече градоначалникот Марјан Ристески.

Напоредно со оваа зона во тек се тендерски постапки за продажба на локации во индустриската зона Прилеп 2, каде што е предвидено да има 15 локации, а пет локации веќе се продадени. Со продажбата и на останатите 10 локации, што се очекува да се случи до крајот на оваа година, од 2017 година се планира и во оваа зона да се започне со изградба на инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП