12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема паркирање на „Партизанска”

Нема паркирање на „Партизанска”

partizanska333

Нема повеќе паркирање на тротоарот по должината на булеварот „Партизански одреди”, кај ТЦ”Буњаковец”, а Град Скопје, за таа цел на пешачката патека деновиве постави заштитни столпчиња, за да се забрани паркирање на возила на тротоарот.

Досега во центарот на градот тротоарите кај „Буњаковец” беа единственото место каде што можеше да се паркира бесплатно. Иако тротоарот е наменет за пешаци, тој постојано беше блокиран од возила.

„Столпчињата се поставени за да се спречи паркирањето возила. На овој потег се гради велосипедска патека, дел од рутата 2, која ќе биде покрај “Партизанска”, до населбата Влае. Со тоа еден дел ќе биде наменет за пешаци, а вториот за велосипедисти”, велат од Град Скопје.

Столпчиња пред две година беа поставени и од другата страна на булеварот, односно од Градежниот факултет до пазарчето „Буњаковец”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП