Британскиот премиер Тереза Меј и министерот за финансии Филип Хамонд одржуваат разговори со кинескиот заменик премиер Ма Каи во позадина на напорите на Обединетото Кралство да најде инвестиции по изненадното гласање за „Brexit“.
Денеска (10.11.2016-та) ќе се одржи форумот „U.K.-China Economic and Financial Dialogue“ и на предметниот настан ќе бидат разгледани теми како трговијата, финансиските услуги, инфраструктурата и енергетиката. Британската влада детално разгледува можностите за потенцијални инвестиции во Северна Англија за кинескиот бизнис, станува јасно од обраќањето на Министерство за финансии на Велика Британија, цитирано од „Bloomberg“.
Тереза Меј, која неодамна се врати од посета на Индија, се надева да постигне успех од средбата со кинеската делегација, обидувајќи се да покаже дека Британија активно работи на комерцијални трансакции надвор од ЕУ. Ма Каи ќе се сретне и со гувернерот на Англиската централна банка, Марк Карни.
„Јас сум убедена дека додека ја напуштаме ЕУ, ние градиме една вистински глобална Велика Британија, која е отворена за бизнис“, вели Меј. „Јас се возбудувам од можностите за проширување на трговијата и инвестициите меѓу двете земји“, додаде таа.
Британското Министерство за финансии објави дека државната кинеска корпорација „CITIC Construction“ ќе инвестира 200 милиони британски фунти во првата фаза на проектот за изградба „London Royal Albert Docks“, чија вредност е 1,7 милијарди фунти и се развива од кинеската „ABP“.
Од друга страна британската влада ќе инвестира до 40 милиони фунти во „Asian Infrastructure Investment Bank“, за да им помогне на земјите во развој да развиваат инфраструктурни програми.