26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ првите банкари во светот потврдија: Русија ќе биде добро

И првите банкари во светот потврдија: Русија ќе биде добро

182423669258235d1e1337f997165792_w640

Економските перспективи на Русија се подобрени, а руската економија веќе наредната година би можела да се врати на позитивните стази на раст, соопшти Светска банка.

Бруто домашниот производ (БДП) на Русија оваа година ќе падне за 0,6 проценти, се наведува во извештајот на тој меѓународен кредитор, што, како што вели Ројтерс, е значително подобро во однос на проектираниот раст од април од 1,9 проценти.

Светска банка, исто така, предвидува дека БДП на Русија ќе порасне за 1,5 проценти во наредната година и за 1,7 проценти во 2018 година.

Проекцијата за наредната година е далеку пооптимистична во однос на првично прогнозираниот раст од 1,1 проценти, и исто така подобра од проекциите на руската централна банка која предвидува раст понизок од 1,0 проценти за 2017 година.

Во извештајот се наведува и дека цените на нафтата би требало да зарепнат на просечните 55 долари за барел во 2017 година, што ќе има позитивно влијание на домашната економија во Русија.

Сепак, западните санкции се воведени кон Русија поради украинската криза и тешките услови за клучните трговски партнери на Москва, според оценката на Светска банка, би можеле да го загрозат економскиот напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП