6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM отпушта 2.000 работници

GM отпушта 2.000 работници

general-motors

Американската компанија „General Motors“ соопшти дека, поради падот на побарувачката за автомобили, од јануари мора да отпушти повеќе од 2.000 работници во две фабрики за производство на делови во државите Охајо и Мичиген.

Во соопштението се наведува дека ќе биде укината третата смена во фабриките во Лордстаун во Охајо недалеку од Кливленд и Лансинг во Мичиген бидејќи купувачите се повеќе купуваат теренски возила и пик-ап камиони од автомобили.

Околу 1.250 работници ќе бидат отпуштени од фабриката во Лордстаун, каде се произведуваат моделите Chevrolet Cruze.

Околу 840 работници ќе бидат отпуштени од фабриката Lansing Grand River. GM најавува дополнителни инвестиции од повеќе од 900 милиони долари во фабриките за производство на менувачи во Толедо во државата Охајо, фабриката Lansing Grand River и во Bedford во Индијана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП