22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на БДП намален на 2,1 отсто поради поплавите и политичката криза

Растот на БДП намален на 2,1 отсто поради поплавите и политичката криза

denaro3

Поплавите во скопско и политичката криза се причините поради кои македонската економија ќе има намален раст на Бруто-домашниот производ (БДП) за оваа година, па наместо предвидените 3,7 отсто, ќе изнесува 2,1 отсто, објави Европската комисија во најновата економска прогноза за земјите-членки и земјите-кандидати за членство во Европската унија.

Сепак, според Еврокомисијата, БДП се очекува да доживее солиден раст во текот на идните години од 3,2 отсто во 2017 година.

Европската комисија очекува раст на инвестициите по изборите во декември“, а наведува дека среде продолжена политичка криза, економијата во земјата се ширела со побавно темпо во првата половина на 2016 година. Исто така, се вели дека „растот на производството е проектиран да се зголеми врз основа на растот на инвестициите во 2017 година, како и на робустната потрошувачка на домаќинствата, под услов политичката криза да заврши.

ЕК прогнозира дека сериозното намалување на невработеноста во Македонија ќе дојде до рекордно ниски 22 проценти во 2018 година и дека паралелно со истото ќе расте и вработеноста. Годинава, пак, невработеноста според ЕК изнесувала 24,4 отсто.

Од Брисел прогнозираат дека ќе се зголеми јавниот долг, кој годинава изнесувал 40,5 отсто, а во наредните две години, според ЕК ќе нарасне до 43 отсто.

Се очекува потрошувачката на домаќинствата да расте стабилно, но со побавно темпо, со добивки во вработување и нето-плати. Приватните трансфери остануваат само малку над нивото од 2015 година, а апетитот на Владата за ад-хок зголемување на трансферите и субвенции да се намали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП