18 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел ќе преземе нови мерки против увозот на евтин кинески челик

Брисел ќе преземе нови мерки против увозот на евтин кинески челик

celik883

Брисел ќе презема нови мерки за надминување на отпорот на земјите членки на Европската унија (ЕУ) да воведат повисоки царини за увозот на кинески челик.

Се очекува еврокомесарот за трговските прашања на ЕУ, Сесилија Малстром да понуди и конкретни законски мерки.

Обидот да се оживее долгоодложуваниот план на ЕУ за зголемување на кривичните царини против дампинг кинескиот челик доаѓа во позадина на приближувањето на крајниот рок Светската трговска организација (СТО) да одлучи дали да започне да ја третира Кина како пазарна економија во трговски спорови. Тоа е и клучен збор за надворешната политика на Пекинг.

Посебна клаузула во договорот на Кина за членство во СТО им дозволува на другите земји во организацијата да ја третираат земјата како непазарна економија. Таа сепак истекува во декември, што според некои аналитичари тоа ќе има сериозни последици за ЕУ и САД.

Ова прашање претставува сериозен предизвик за Малстром. Таа продолжува да биде „затрупана“ од поплаките за зголемениот увоз на челик од Кина по ниски цени.

Сепак некои земји од ЕУ стравуваат дека наметнувањето на превисоки антидампинг давачки ќе е премногу протекционистички.

Во 2015-та година САД воведе антидампинг тарифа од 266% на одредени производи од челик од Кина, а истовремено должност на ЕУ е 21%.

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, исто повикува за повисоки царини. Главните стравувања сепак се поврзани со тоа дека Пекинг може да возврати со затегнување на регулаторните мерки против европските компании во Кина.

На нивниот состанок минатиот месец лидерите на ЕУ се обврзаа да земат конечна одлука за анти-дампинг мерки против увозот на евтин кинески челик до крајот на годината. Проблемот е дека Велика Британија, Шведска, Холандија, Данска и Финска се противат на таквата промена, иако некои дипломати веруваат дека отпорот на земјите може да биде надминат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП