5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMorgan Stanley со добивка од 958 милиони долари

Morgan Stanley со добивка од 958 милиони долари

morganstanly1

Американската инвестициска банка „Morgan Stanley“ објави дека првиот квартал од оваа година го завршила со 958 милиони долари добивка, додека во истиот период од минатата година работеше со загуба од 119 милиони долари.

Главниот извршен дирекор Џејмс Горман се пофали дека „„Morgan Stanley“ во текот на првиот квартал демонстрирал солиден замав во целата групација“, но бројките говорат поинаку.

Имено, приходите од одделот за управување со богатството успеаа да го анулираат падот на приходите во одделот за тргување со стока, валути и каматни стапки.

Одделот за управување со богатството, кој се занима со советување на богати клиенти, во првиот квартал бил заслужен за 41 процент од вкупните приходи на „Morgan Stanley“ – односно приходите изнесувале 3,47 милијарди долари, што е 5,4 проценти повеќе од минатата година.

Горман истакна и дека оперативната бруто добивка на тој оддел била највисока во историјата на банката, пренесува порталот business.hr.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП