14 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПрофитот на Toyota падна за 43%

Профитот на Toyota падна за 43%

tojka33

„Toyota“ забележа 43% пад во оперативната добивка за третиот квартал. Позитивниот резултат на компанијата за јули-септември е 474 милијарди јени (4,7 милијарди долари), соопшти извршниот потпретседател Такахико Ијичи. Прометот исто така опаѓа со 8.8 отсто. Ова значи дека по три последователни години на рекордни резултати, 2016-та ќе биде послаба од 2015-та за Јапонците.

Негативниот тренд е резултат најмногу на неповолните валутни ефекти од поскапувањето на јенот во однос на доларот. Тоа е штета на добивката во САД, традиционално најпрофитабилниот пазар на „Toyota“. Инаку продажбата на јапонскиот гигант се зголеми за 2,5 отсто за периодот.

„Toyota“ страда и од промената на потрошувачките ставови во Северна Америка. Откако пред неколку години поскапеа горива што негативно влијаеше врз многу клиенти кон компактните јапонски седани, сега на пазарот повторно се поместува кон големите возила.

„Во овој поглед нашата понуда не успева да ја следи побарувачката“, призна Ијичи.

„Toyota“ ја прилагоди и прогнозата за годишна продажба во Северна Америка од 2.88 милиони автомобили до 2.82 милиони.

Ова може да се покаже како решавачко во битката на Јапонците со „Volkswagen Group“ за позицијата на најголем светски производител. Иако „Toyota“ останува најпродаваната посебна марка во светот, концернот „VW“ во моментов според резултатите ги надмина Јапонците.

Во Европа продажбата на „Toyota“ се зголемила за 11.000 примероци за кварталот, до вкупно 212.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП