27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена главнината на МЖ Транспорт АД Скопје

Зголемена главнината на МЖ Транспорт АД Скопје

voz333

Согласно со со доставената документација од страна МЖ Транспорт АД Скопје и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност-третата емисија преку приватана понуда од 22.02.2016, изврешено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 302.295 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари за една акција.

Новата основна главнина на друштвото изнсува 9.269.172 денари и е поделена на 9.269.172 обични акции со номинална вредност од 1000 денари за една акција.

Друштвото Македонски железници Транспорт АД-Скопје е основано со Одлука за основање на Акционерско друштво за транспорт Македонски железници Траспорт АД-Скопје од 8 мај 2007 година со одлука на Владата.

Друштвото е правен следбеник на ЈП Македонски железници Ц.О.- Скопје.

Со Друштвото управува Управен одбор кој се состои од седум членови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП