20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската автомобилска индустрија е загрижена од победата на Трамп

Германската автомобилска индустрија е загрижена од победата на Трамп

matijas-miler3

Главниот извршен директор на „Volkswagen“, Матијас Милер и Германската асоцијација на автомобилската индустрија „VDA“ изразуваат загриженост дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД може да има негативно влијание врз нивните компании, пренесува „Ројтерс“.

Во последната година Трамп се закани дека ќе стави царина за увозот на автомобили од Мексико, за да се заштитат работните места во фабриките во САД. Тоа може да ги принуди германските производители да се преиспитаат големите инвестиции во проширувањето на фабриките во Мексико.

„VDA“, која ги претставува автомобилските производители и добавувачи, вклучувајќи ги „BMW“, „Volkswagen“ и „Daimler“, предупреди за потенцијалено зголемен протекционизам од страна на следниот претседател на САД.

„Стравува дека токму како Кина под водство на новиот претседател САД ќе се фокусираат примарно на сопствената економија за сметка на меѓународните трговски односи“, се наведува во соопштението на „VDA“.

Во последните години германските производители на автомобили ги прошируваат своите фабрики во САД, кој останува најголем пазар за премиум возила во светот. Тие сепак инвестираа значително и во изградба на фабрики во Мексико – локација, која во моментов ужива на бесцарински извоз на автомобили во САД.

До 2020-та година Мексико ќе има капацитет да произведува едно на секои четири возила во Северна Америка од едно на секои шест во 2012-та година, тврди компанијата за пазарни истражувања „IHS“.

Откако „Ford“ објави дека целото производство на мали автомобили на компанијата ќе биде изнесено од САД и насочено кон Мексико, Трамп вети дека ќе изврши притисок врз автомобилски производители да се вратат, ако биде избран.

„Не смееме да дозволиме тоа да се случи“, коментира Трамп.

„Реториката околу производството во Мексико, трговските давачки и потенцијалниот пад на корисничката доверба најверојатно ќе натежнат на акциите и побарувачката на автомобили“, коментираат аналитичарите на „Evercore ISI“.

За време на конференцијата во Минхен, главниот извршен директор на „Volkswagen“, Матијас Милер изјави дека се надева дека изборот на Трамп нема да биде „повеќе катастрофално“ за компанијата, која се обидува да постигне договор со Министерството за правда на САД поради скандалот со манипулациите за емисиите на дизел автомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП