3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција сеуште страда, доживеа нов пад

Турција сеуште страда, доживеа нов пад

6561299935821db7a38e87556025033_w640

Индустриското производство во Турција доживеа пад во септември, што ги подгреа стравовите од забавување на економскиот раст во вториот квартал.

Овој пад и страв доаѓаат по неуспешниот обид за воен пуч на 15-ти јули.

Според календарски прилагодените податоци, индустиското производство во септември опадна за 3,1 проценти во однос на септември минатата година, соопшти турската канцеларија за статистика Туркстат, а пренесува агенцијата Франс прес.

Според десезонираните и календарски прилагодениете податоци, производството во септември опадна за 3,8 проценти во однос на август и за 4,1 проценти во однос на септември минатата година.

„Јасно е дека неуспешниот обид за воен пуч од 15 јули имаше сериозно влијание на производството, изјави главниот економист на брокерската куќа BGC Partners во Истанбул, Озгур Алтуг.

Како што додаде, економскиот раст на Турција во третиот квартал би можел да „влезе во негативна територија“, додека владата предвидува знаци на закрепнување во четвртиот квартал.

Аналитичарите, сепак сметаат дека септемвискиот пад на производството делумно е последица на растот од август, кога индустриското производство порасна за 8,8 проценти на месечно ниво, бидејќи работниците побрзаа да го надополнат изгубеното време во периодот по пучот.

Загриженоста по повод состојбата на турската економија исто така изврши притисок на турската лира, која изминатиот месец загуби дури 4,3 проценти од вредноста кон доларот.

Лирата денес продолжи да губи од вредноста, опаѓајќи за 0,4 проценти во однос на доларот, на 3,18 лири за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП