7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија: Економски раст од 3,3 проценти

Бугарија: Економски раст од 3,3 проценти

sofija1

Бугарската економија бележи раст од 3,3 проценти на годишно ниво, а локомотива за развојот е преработувачката индустрија со зголемување од 4,7 проценти, покажуваат податоците на Националниот статистички институт.

Најдобрите резултати во преработувачката индустрија забележаа производството на метални производи, како и производството на компјутери и компјутерска техника, електронски и оптички производи, а во целост затаи производството на преработки од тутун.

Бугарската економија и покрај зголемувањето на годишно ниво во септември во однос на август забележала пад од 0,2 проценти.

Министерството за финансии на Бугарија во буџетот за наредната година предвиде раст на бруто домашниот производ од 2,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП