19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв вински настан од едукативен карактер во Македонија - „Винодонија 2016“

Прв вински настан од едукативен карактер во Македонија – „Винодонија 2016“

vinodonija22

„Винодонија 2016“ е првиот вински настан од едукативен карактер во Македонија, кој има за цел подигнување на винската култура во земјава и развој на нашиот винскиот регион“, рече на денешната прес конференција Звонко Херцек во хотелот Мериот, директор на скопскиот вински салон Винодонија.

Како што инфомираа организаторите, станува збoр за прв настан од овој тип кој се оджрува во земјава, на кој публиката ќе има можност да дегустира вина од над 30 винарии од Македонија и Бaлканот, како и да учествува во над 10 работилници на кои, помеѓу другото, ќе се спарува вино и чоколадо, вино и храна, и ќе има можност да се дегустира просеко и шампањ.

daa

Претседателот на здружението на Сомелиери на Македонија, Александар Вучковски истакна дека „Винодинија“ нуди вистински пристап кон виното, нешто кое кое не може да се добие на забавно-конзуматорските вински манифестации кои досега се организирани во Македонија.

„Публикaта ќе има можност во пријатна, елегантна атмосфера да дегустира вино, да добие едукативни информации директно од енолизите и луѓето кои се вклучени во производството на виното, и на тој начин да се запознаат со најновите стилови и трендови во виното“, рече Вучковски.
Тој очекува дека овој настан ќе прерасне во традиција.

dbb

Интернационалниот вински судија, Ивана Симјановска информираше дека во рамки на салонот ќе бидат организирани и едукативни настани наменети не само на винската публика, туку и за претставниците на винската индустрија, кои ќе имаат можност да се запознаат со најновите дострели на винскиот маркетинг и со начините за зголемување на продажбата на вино во угостителскиот сектор.

dcc

Винскиот салон „Винодонија“ ќе се оджри на 11 и 12 ноември, во хотел Мериот, во центарот на Скопје. Организаторите најавуваат присуство на винарии од Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора, Бугарија и Италија, кои пред македонската публика ќе се претстават со автохтони вински сорти и стилови.

ddd

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП