8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖелезничка инвестиција од 20 милиони евра во Македонија

Железничка инвестиција од 20 милиони евра во Македонија

voz-18

Чешкиот „Локо Транс”, во моментов, ја разгледуваат можноста за купување или закупување на земја, на која планираат да изградат логистички центар.

Оваа не е нивна прва инвестиција, железничкиот гигант својата прва инвестиција ја има направено пред пет години.

Новата инвестиција ќе отвори околу 600 работни места. Пресудно за оваа инвестиција била квалификуваната работна сила за железничкиот инжинеринг која ја нуди македонскиот пазар, како и географската стратешка местоположба.

Во првата фаза планирано е да се отвори работилница за одржување на железничкиот возен парк и контејнерски терминал. Додека пак во втората фаза, се очекува и изградба на погон за произвидстви на вагони, кој ќе биде прв од ваков тип во Македонија, и на Балканот бидејќи во регионот нема сертифицирани компании кои вршат ваква дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП