9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводствениот сектор во Франција не планира поголеми инвестиции во 2017-та

Производствениот сектор во Франција не планира поголеми инвестиции во 2017-та

fapro333

Менаџерите во француските индустриски компании планираат да се воздржат од зголемување на инвестициите во следната година, покажуваат резултатите од истражувањето, цитирано од „Ројтерс“. На овој начин тие ги урна надежите на владата за посилно економско заздравување.

Многумина економисти сметаат дека истражувањето на статистичката служба (INSEE) е за сигнал за инвестициските намери. Истражувањето се следи и од владата, која се надева бизнис инвестициите да го придвижат заздравувањето на втората по големина економија во еврозоната.

Компаниите во сферата на производството велат дека во 2017-та година ќе ги остават инвестициите на исто ниво како и оваа година поради мрачните очекувања во транспортниот сектор. Тоа би претставувало значително забавување по 5-процентниот раст, кој се очекува оваа година.

Очекувањата за оваа година всушност беа намалени. Во истражувањето од август прогнозите беа за 6 отсто.

Студијата ќе ги помрачи и целните ниво на властите за економскиот раст за следната година, што е 1,5 отсто. На оваа проценка се заснова и последниот закон за буџетот пред претседателските избори во 2017-та година.

Министерот за финансии, Мишел Сапен призна минатиот месец дека владата нема да успее да ја постигне својата цел за раст во оваа година – исто 1,5%, откако податоците за БДП-то во третиот квартал беа под очекувањата.

Според некои економисти се уште е премногу рано да се вадат заклучоци од студијата за инвестициските намери, иако генерално резултатите се слаби.

Економистот од „Coe-Rexecode“, Денис Феран наведува дека во исто време минатата година економистите планираа 3% раст на инвестициските трошоци во 2016-та година, кои подоцна беа зголемени. Тој очекува во 2017-та година економскиот раст да е 1,1%.

„INSEE“ наведува дека проценката за 2017-та година се базира на одговор на две третини од анкетираните менаџери. За споредба, минатата година одговориле 90%, што исто така е сигнал дека компаниите во индустријата во земјата се уште немаат јасни планови.

Инвестициите во производството сочинуваат една четвртина од сите инвестициски трошоци, кои за возврат генерираат 12% од БДП-то.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП