12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДодека Европа се црвенее, во Русија се е во плус

Додека Европа се црвенее, во Русија се е во плус

944566785822ff3cd8623687105670_w640

Акциите на Московската берза порасна по веста за победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Рускиот индекс RTS деноминиран во долари, скокна за 1,2 проценти, додека индексот Micex деноминиран во рубљи, зајакна за 1,0 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукајев, сепак, предупреди дека, краткорочно гледано, би можело да дојде до колебање на курсот на рубљата, но дека, долгорочно гледано, рубљата ќе зајакне, извести руската новинска агенција Интерфакс.

Тој, исто така, изјави дека Русија ќе направи се што е во нејзина моќ со цел да ги обнови трговските и економските односи со САД, пренесува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на руските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП