15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовиран проектот Еко пакет за Македонија

Промовиран проектот Еко пакет за Македонија

eko-paket-33

ОХО- Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација во вторникот во скопскиот хотел „Порта“ организираше промотивен ден на проектот Еко пакет Македонија, кој веќе веќе десет години се реализира во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија, а од учебната 2014/2015 година првпат проектот Еко пакет почна да се реализира и во Македонија.

На големо задоволство од учебната 2014/2015 година како нов партнер на ОХО-Асоцијацијата за едукација се јави „Тетра пак“ со регионалниот проект Еко пакет. Проектот Еко пакет се реализира веќе единаесет години во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија.

Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

Во годинешниот проект ќе учествуваат 39 основни еко училишта со Зелено знаме од 21 општина.Училиштата во текот на учебната година реализраа различни едукативни работилници за селекција и реупотреба на отпад, селектираат употребена тетра пак амалажа и изработуваат уметнички дела со кои се натпреваруваат на национален конкурс на крајот од учебната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП