17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар почна нов проект „Едуцирани родители, среќни деца“

Општина Центар почна нов проект „Едуцирани родители, среќни деца“

roditeli-696x461

Општина Центар го започна серијалот предавања „Едуцирани родители, среќни деца“ , на кој сите идни родители ќе имаат можност да добијат информации и стручни совети за започнувањето и одржувањето на здрава бременост, како и за правилната грижа за детето по породувањето.

Општина Центар и со овој нов проект покажува дека постојано работи на решавање на проблемите на жителите на општината со што ќе се овозможат сите предуслови за поубава иднина.

„Децата се нашето најголемо богатство, решивме на уште еден начин да понудиме грижа за нивната добросостојба. Имено, за оптималното здравје на најмладите е неопходна соодветна информираност на возрасните. За таа цел, повикавме стручни лица со долгогодишно научно и практично искуство од областа, со чија помош граѓаните ќе се информираат како на најдобар начин да планираат семејство, да уживаат во здрава бременост и да понудат врвна гр

ижа на своите најмили. Инвестирањето во иднината значи инвестирање во здравјето и правилниот развој на децата, како наша најголема надеж и вредност. Затоа, општината Центар со голема љубов ги концепираше овие едукативни работилници, кои веруваме дека ќе помогнат за што побезгрижно родителство и поубав раст на најмалите и најмилите“, е ставот на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Предавањата се одржуваат два пати месечно во Канцеларијата на млади на општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП