4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлагодарение на штедењето намален буџетскиот дефицит во еврозоната

Благодарение на штедењето намален буџетскиот дефицит во еврозоната

budzet1

Штедењето кое како лек им беше препишано на повеќе земји се исплатеше, барем кога станува збор за намалувањето на товарот од долгови, покажаа денес официјалните податоци во Брисел.

Вкупниот јавен дефицит  на 17 земји кои како валута го користат еврото минатата година се намали на 353 милијарди евра, во однос на 391 милијарди од 2011 година, соопшти Европскиот завод за статистика, а пренесува агенцијата АП.

Како резултат на тоа , буџетскиот дефицит на целата еврозона се намали на 3,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП), во однос на 4,2 проценти од претходната година.

Иако мерките за штедење и растот на даноците допринесуваат за намалување на дефицитот, должничкиот терет на еврозоната е зголемен, бидејќи економскиот раст мирува.

Вкупниот јавен долг на европската монетарна унија во 2012 година изнесуваше 90,6 проценти од БДП, во однос на 87,3 проценти од 2011 година, пренесуваат странските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП