28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер и Туск му честитаа на Трамп, повикаа на уште позасилена соработка...

Јункер и Туск му честитаа на Трамп, повикаа на уште позасилена соработка меѓу ЕУ и САД

junker-tusk-nova-696x464

Стратешкото партнерство помеѓу ЕУ и САД е втемелено во заедничките вредности на слободата, човековите права, демократијата и вербата во пазарната економија, а во изминатите години ЕУ и САД заеднички работеа на тоа да обезбедат мир и напредок за нашите граѓани ширум светот, се вели во заедничката изјава на претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск по повод изборот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за претседател на САД.

„Денес е поважно од било кога да ги засилиме трансатланските односи. Само преку поблиска соработка ЕУ и САД ќе може да продолжат да прават разлика кога се работи за справувањето со предизвиците како што се Даеш (Исламска држава), заканите кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, климатските промени и миграцијата“, се вели во изјавата во Јункер и Туск.

„За среќа, стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД е големо и сеопфатно, од нашите заеднички напори да обезбедиме енергетска безбедност и да се справиме со климатските промени, преку соработката меѓу ЕУ и САД во справувањето со заканите по безбедност на источното и јужното соседство на Европа, и до преговорите за ТТИП – не треба да ги намалиме напорите за да нашите врски да останат силни и постојани“, порачуваат европските челници.

„Треба да ги консолидираме мостовите кои ги градевме преку Атлантикот. Европејците веруваат дека Америка, чии демократски идеали секогаш беа зраци на надеж низ светот, ќе продолжиме да инвестираме во нашите партнерства со пријателите и сојузниците, да помогнеме во тоа нашите граѓани и народи ширум светот да се чувствуваат безбедно и просперитетно. Би сакале да ја искористиме оваа прилика да ве поканиме да ја посетите Европа за одржување на ЕУ-САД самит што поскоро“, му порачаа Јункер и Туск на новоизбраниот американски претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП