24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ вети 400 милиони eвра за поддршка на стартaпи

ЕУ вети 400 милиони eвра за поддршка на стартaпи

samit33

Европската унија (ЕУ) создава фонд за ризичен капитал во износ од 400 милиони eвра, наменет за поддршка на регионални стартап компании, како и кон справување со проблемот со недостигот на капитал во Европа, соопштува „Ројтерс“.

ЕУ ќе обезбеди 25 отсто од капиталот и поканува приватни инвеститори да го обезбедат останатото финансирање. Така практично Фондот може да се прошири и до 1,6 милијарди евра, смета Карлос Моедаш, еврокомесар за истражување, науката и иновациите.

Моедаш ја објави веста за формирањето на Фондот за време на најголемиот европски технолошки настан – „Web Summit“ во Лисабон.

„Во Европа имаме проблем – компаниите се создаваат и потоа се купуваат од фондови за ризичен капитал од други делови на светот“, коментира тој. Според него, идејата е да се создаде фонд, кој ќе им овозможи на „boot“-компаниите да бидат создадени во Европа и потоа да останат во Европа.

Според него нема недостаток на нови бизниси, создадени во Европа, но проблемот лежи во нивното зголемување и нивниот финански раст по почетната фаза.

Европската комисија ги поканува менаџерите на фондовите да поднесат апликации со краен рок на поднесување до 31-ви јануари.

Европските фондови за ризичен капитал привлекоа рекордни средства во првата половина на 2016-та година. Инвеститори вложија 6,6 милијарди евра во 34 фондови со ризичен капитал, што претставува раст од 63% на годишна основа. Ова е највисоката сума за шестмесечен период, посочува „Pitchbook“, компанија за податоци и студии, која ги следи пазарите за вложување и приватен капитал.

Иако растот на собраните средства сепак инвеститорите очигледно вложуваат пари се повеќе внимателно. Вкупниот капитал инвестирани во европски стартапи, се распадна со 27% на годишно ниво до 5,42 милијарди евра во првата половина на 2016-та година во 1.279 трансакции – најмалиот волумен изразен во евра, од втората половина на 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП