22 април, 2025
ПочетнаКАРИЕРАКако добрите менаџери ги користат нивните “моќи” за добро!

Како добрите менаџери ги користат нивните “моќи” за добро!

paolo

Како карактеристиките на добар менаџер може да се користат да се направи разлика помеѓу оние вработени кои имаат потенцијал и оние кои немаат? 

Дел од нашите клиенти постигнаа неверојатни резултати со промена на нивниот стил на управување со навидум негативни вработени.

Дали “просечните вработени” во нашата компанија навистина се “просечни вработени” или тие, всушност, имаат скриени карактеристики и таленти што може да ги претвори во супер ѕвезди?На ова прашање може да одговориме доколку навистина се посветиме на подобрување на стилот за управување со човечки ресурси.

Ќе побарам од вас да ги направите особено следниве работи:

а) “Заборавете” на негативните страни на луѓето со кои управувате. Заборавете на минатото. Заборавете на сите предрасуди за нивните негативни страни кои ги имате изградено во вашата глава во текот на годините.

б) Залагајте се за принципот на одговорност. Грешките на вработените се и Ваши грешки поради недоброто и недоволното мотивирање.

в) Посветете некое време од вашиот распоред на важни но не и итни активности, особеноза тренинг и мотивација на персоналот. Направете одредена листа на активности кои ќе треба дада се сработат подоцна, а да се закажат однапред. Посветете најмалку 30% од Вашето време за таквите активности.

г) Прошетајте низ Вашата компанија и пофалете ги Вашите вработени кога ќе забележите дека добро ја работат нивната работа. Работете на позитивните страни на луѓето кои ги менаџирате.

д) Оваа книга дајте ја и на менаџерите кои се под Ваше водство, на тој начин Вие нема да бидете единствените кои треба да се причината за се’.

Ве уверувам дека доколку ги примените овие правила при управувањето со вашите вработени, за само три месеци ќе забележите позитивна промена, дури и “зомбињата” меѓу нив ќе станат продуктивни и вредни работници! Некои индивидуи можат да Ве изненадат.

Извадок од десеттата глава на “Нови Лидери” на Паоло Руџери.

rod

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП