Британската влада најверојатно ќе повлече до 2019-2020 година кредити од 25 милијарди фунти повеќе од прогнозираното во минатогодишниот буџет на позадината на гласањето за „Brexit“.
Извештајот на Институтот за фискални студии, насловен „Зимата доаѓа“ (упатува на серијата „Игра на престоли“) беше објавен непосредно пред министерот за финансии Филип Хамонд да ја даде својата прва изјава за буџетот на 23-ти ноември.
Експертите очекуваат побавниот раст да доведе до зголемување на кредитирањето и долгот на владата, а даночните приходи на Лондон ќе бидат со 31 милијарди фунти пониски до фискалната 2019-2020 година во споредба со прогнозите утврдени во минатогодишниот буџет.
Оваа сума може да биде делумно компензирана од 6-те милијарди фунти, што земјата може да ги спаси, ако престане да плаќа придонеси во европскиот буџет.
Нето ефектот од повисокото кредитирање ќе доведе до дефицит од 14,9 милијарди фунти наместо целта за вишок од 10,4 милијарди фунти, поставена од претходниот министер за финансии Џорџ Озборн.
Уште пред референдумот во јуни владата на Конзервативната партија прекршила две од трите буџетските цели и е предвидено уште зголемувања на даноците, намалување на социјалните плаќања и реални намалувања на трошоците за јавни услуги, за да се исчисти релативно високиот буџетски дефицит до 2019-2020 година, се наведува во извештајот.
По референдумот речиси сите економски аналитичари, вклучувајќи ja Англиската централна банка, ги намалија своите предвидувања за економскиот раст на Велика Британија.