18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТешки денови за рускиот гигант

Тешки денови за рускиот гигант

709357989580783088c524710737706_w640

Приходите на рускиот гигант Газпром од извозот на гас од јануари до септември тековната година паднале за 3 проценти на годишно ниво, на 21,5 милијари долари.

Во приодот јануари-септември минатата година, приходите изнесувале 31,3 милијарди долари, соопшти Управата за царина на Руската Федерација, пренесува руската агенција Тасс.

Во девет месеци од 2016 година Газпром го зголеми обемот на извозот за гас за шест проценти, на 139,5 милијарди кубни метри од 131,5 милијарди кубни метри од истиот период минатата година.

Извозот на природниот гас во оние земји кои не се членки на Заедницата на независни држави ЗНД во тој период порасна на 116,3 милијарди кубини метри од 104 милијарди кубни метри од истиот период минатата година, додека извозот во соседните земји изнесувал 23,3 милијарди кубни метри, што е благо пониско во однос на минатогодишните 27,5 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП