Вредноста на акциите на азиските берзи претрепе остар пад по победата на Доналд Трамп во трката за Белата куќа.
Сите регионални пазари затворија со намалени вредности, а парите почнаа да се влeваат во безбедни берзански засолништа, во злато и валути вклучувајќи го и јенот.
Во Јапонија индексот Nikkei 225 затвори со пад од 5,4 отсто, додека европскиот и американскиот пазар се очекува да опаѓаат кога тргувањето ќе продолжува во средата.
Трговците очекуваа комотна победа на Хилари Клинтон.
Некои аналитичари го споредија шокот на победата на Трамп со резултатот на референдумот за излез на Британија од Европската унија (Brexit) претходно оваа година.