20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

odron-pee

На магистралниот пат А-3, Делчево-Македонска Каменица, поради појава на одрони на повеќе места се препорачува внимателно возење, се преземаат мерки за расчистување на патот, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Денеска времето ќе биде променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Во четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини ќе преминат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП