3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХилари Клинтон го призна поразот: Доналд Трамп е новиот претседател на САД

Хилари Клинтон го призна поразот: Доналд Трамп е новиот претседател на САД

GOP 2016 Trump

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп е новиот претседател на САД. Трамп освои 276 гласа, од потребните 270 за победа. Неговата противкандидатка Хилари Клинтон има 218 гласа.

Трамп се подготвува за прослава додека во штабот на Хилари Клинтон владее шок и неверување.

Бизнисменот ги освоил електорите во три клучни држави: Охајо, Флорида и Северна Каролина, а според она што го јавуваат медиумите тој досега освоил 276 електори, а Хилари 218.

Покрај во наведените три држави Трамп успеал да победи и во Ајова која трандиционално гласа за демократите, а успеал да освои „големи“ 16 електори во Џорџија.

Покрај тоа што победата на Трамп е извесна, Републиканците успеаја да освојат и мнозинство во Сенатот и во Конгресот.

Телевизијата „Ен-Би-Си Њуз“ јави дека Хилари Клинтот во телефонски разговор со нејзиниот ривал Доналд Трамп му го признала поразот на претседателските избори. Претходно, шефот на нејзината кампања Џон Подеста изјави дека Клинтон нема да и се обрати на јавноста денеска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП