14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧетири акции со промет над еден милион денари

Четири акции со промет над еден милион денари

македонска-берза

Дури четири акции во тргувањето во вторникот на Македонската берза завршија со промет над милион денари.

Акцијата на Стопанска банка Скопје со промет од 1,02 милиони денари, Комерцијална банка АД Скопје со промет од 1,38 милиони денари , РЖ Уготур Скопје со промет од 1,47 милиони денари и акцијата на Макпетрол АД Скопје со промет од 1,59 милиони денари.

Со акцијата на Макпетрол АД преку една блок трансакција се истргуваа 53 лотови по цена од 25.333 денари. Вредноста на трансакцијата изнесуваше 1.342.649 денари.

Невoобичаен висок промет беше реализиран со акциите на РЖ Уготур Скопје во една трансакција со реализирана количина од 211.117 акции, од вкупните 225.392 лотови истргувани во текот на целиот ден.

Листата на добитници ја предводеше акцијата на Макстил АД Скопје со раст од 7,37 отсто и достигна цена од 70 денари.

Вкупниот промет изнесуваше околу 10 милиони денари и беше реалзиран преку 64 трансакција, а се тргуваше со 17 хартии. Индексот МБИ10 порасна за 0,26% и достигна вредност од 2.101,15 денари, а ОМБ остана на вчерашната вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП