13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрогласување на Цоцев Камен за софистицирана мегалитска опсерваторија

Прогласување на Цоцев Камен за софистицирана мегалитска опсерваторија

%d1%86%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%b2

Локалитетот Цоцев Камен, крај Кратово, е прогласен за софистицирана праисториска мегалитска опсерваторија од страна на Националниот центар за научни истражувања во Франција, а за истиот настан ќе зборува Душко Алексовски, претседател на Македонскиот центар за карпеста уметност.

Светската академија за карпеста уметност о промовираше завршниот проект за мегалитите во Македонија , а преку овој проект јавноста ќе се запознае преку слика и текст за богатата мегалитска култура на територијата на Македонија од неолитот до новата ера.

Цоцев Камен е вулканска карпа која во праисторијата се користела како мегалитска опсерваторија. Се наоѓа во атарот на селото Шопско Рударе, поточно во близина на маалото Цоцевци и селото Коњух. Самата карпа се издвојува од околните ридишта е интересна сама посебе. Видливи се и остатоци од човечка обработка.

На стотина метри источно од Цоцев камен се наоѓаат мегалити кои служеле како сончеви и месечеви нишани. На врвот на карпата се наоѓа престол свртен на исток кон нишаните, од каде што може да се следи во која точка изгрева Сонцето и Месечината и според тоа да се формира сончев календар.

Мегалитите имаат дополнителни врежувања врз нив и во непосредна близина се најдени изработени месечеви во голема димензија, што претставува сведоштво за тоа дали еден објект претставува опсерваторија, велат стручњаците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП