22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелград е еден од најевтините градови во Европа

Белград е еден од најевтините градови во Европа

belgrad

Според пресметките на Британците, за сместување во хотел во Белград потребни се околу 5 евра од вечер, транспортни трошоци 1.28 евра дневно, оброк може да се најде за 7 а пиво за 3 евра.

БиБиСи го смести Белград, како дел од својот додаток “Travel”, помеѓу првите десет најевтини градови во Европа и ги повика туристите да го посетат.

– Сместен веднаш до Дунав, српскиот главен град со години се бореше за да привлече туристи. Највредни во овој град се неговиот возбудлив ноќен живот, разновидната архитектура – од византиски, преку турски и неокласичен, па се до романтичарски и “art nuvo” влијанија, и се разбира, атрактивна цена од 20,97 евра за еден ден. Посетете ја Калемегдан тврдината, која била изградена како дефанзивна тврдина во вториот век, потоа продолжете со Храмот на Света Сава, која е една од најголемите православни цркви на Балканот и во Музејот на Никола Тесла, каде што се сместени бројни планови и цртежи од животот на српските научници, инженери, физичари и пронаоѓачот Никола Тесла – се вели во описот за главниот град на Србија.

Покрај Белград, на листата се најдоа и Будимпешта, Букурешт, Загреб, Софија, Сараево, Краков, Киев, Рига и Варшава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП