4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel забележа подобра добивка од очекуваната

Henkel забележа подобра добивка од очекуваната

henkel-wm

„Henkel“ објави добивка за третиот квартал над оценките на аналитичарите, па германскиот производител на прашокот за перење „Persil“ забележа раст на продажбата во трите деловни единици и ги потврди прогнозите за фискалната 2016-та година, соопштува „Bloomberg“.

Добивката пред камата и даноците се зголемила за 7,6% до 837 милиони евра, објави компанијата со седиште во Дизелдорф во своето соопштение. Просечната оценка на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, беше за 829 милиони евра. Продажбата се зголеми за 3,4% до 4,7 милијарди евра.

„Очекуваме пазарната средина да остане предизвикувачка и несигурна како целина во 2016-та година. Продолжуваме да се фокусираме на поддршката на успешните брендови“, изјави главниот извршен директор Ханс Ван Бојл.

„Henkel“, која е производител и на шампоните со брендот „Schwarzkopf“, се обидува да се наметне на исклучително конкурентниот американски пазар за детергенти, добивајќи поддршка со купувањето на „Sun Products Corp.“ трансакција вредна 3,6 милијарди долари.

„Henkel“ ги потврди годишните цели за органската продажба за раст со помеѓу 2% и 4%, како и за изменетата профитна маргина пред каматите и даноците до над 16,5%.

Продажбата на единицата за домаќинство, вклучувајќи ги детергентите, се зголеми за 4% за кварталот. Приходите на бизнисот со производи за разубавување се зголемиле за 2,6%, а на бизнисот со лепила со 2,5%.

Акциите на „Henkel“ поскапеле за 10% во оваа година до 113,85 евра, оценувајќи ја компанијата на 45,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП