4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ако се зголемат платите во Германија?

Што ако се зголемат платите во Германија?

germany3

Растот на платите во Германија нема да биде од корист за другите членки на еврозоната, а ќе и наштети и на монетарната унија како целина.

„Со оглед на релативно слабите трговски врски со периферните европски земји, тие речиси не би имале никаква корист од конкуренцијата, поради падот на цените и растот на потрошувачката во Германија“, изјави гувернерот на германската Бундесбанка, Јенс Вајдман.

„На крајот на денот, еврозоната во целина би била во загуба“, додаде шефот на германската централна банка, кој е и член на Управниот одбор на Европската централна банка.

Во време на новиот бран на должничка криза во еврозоната, бројни земји ја повикаа Германија да направи повеќе со цел да го поттикне растот на својата економија, првенствено преку зголемување на платите, со цел да се зголеми потрошувачката, пренесува Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП