8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во Германија се намалува со брзо темпо од август 2014-та

Индустриското производство во Германија се намалува со брзо темпо од август 2014-та

germaindustri33

Во септември германското индустриско производство се намалува повеќе од очекувањата и го забележа својот најголем месечен пад од над две години. Податоците на федералната служба за статистика „Destatis“ покажуваат дека најголемата економија во еврозоната најверојатно го заврши третиот квартал со слаба динамика, посочуваат агенциите.

Индустриското производство се намалува за 1,8% на месечна основа, што е најголем пад од август 2014-та година. Просечните очекувања на економистите анкетирани од „Ројтерс“, беа за намалување од 0,5%.

Генерално за периодот јули-септември индустриското производство расте со 0,3% на квартална основа, охрабрено од 0,9 проценти раст во градежништвото.

Во извештајот имаше и податоци за извозот кој се намалува за 0,7% на месечна основа, а увозот забележа пад во износ од 0,5%.

Падот во извозот се стеснува во трговскиот вишок до 21,3 милијарди евра во споредба со 21,6 милијарди евра во август. Очекувањата на економистите анкетирани од „Ројтерс“, беа за трговски суфицит од 23 милијарди евра во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП