13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarks & Spencer затвора продавници поради пад на профитот

Marks & Spencer затвора продавници поради пад на профитот

4115

Британската компанија „Marks & Spencer“ соопшти денес дека ќе затвори продавници во земјата и странство со цел намалување на трошоците поради падот на профитот.

Овој малопродажен ланец за облека и храна најави преместување на околу 25 проценти од својот простор за продажба на облека и работи за домаќинство во Британија.

Компанијата ќе затвори околу 30 продавници во Британија и ќе промени околу 45 продавници во кои од сега ќе се продава само храна. Другите продавници ќе бидат преместени.

Трошоците на оваа програма ќе изнесуваат околу 62 милиони долари во наредните три години.

Компанијата, исто така, планира да се фокусира на меѓународниот бизнис по моделот на франшиза, излегувајќи од бизнисот на 10 пазари каде остварувала загуби со трошок од 150-200 милиони фунти во наредните 12 месеци и со тоа да ги анулирала годишни загуби од 45 милиони фунти.

„Marks & Spencer“ пријави пад од 18,6 проценти од неоданочуваниот профит за првата половина од годината на ниво од 231,1 милиони фунти, додека минатата година во истиот период имала профит од 284 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП