17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ се подготвува за „план Б“ доколку договорот за мигрантите со Турција...

ЕУ се подготвува за „план Б“ доколку договорот за мигрантите со Турција пропадне

migranti

Министрите за одбрана од централна и југоисточна Европа во вторникот разговараа за можностите за заштита на надворешните граници на ЕУ во случај на неуспех на договорот за мигрантите со Турција, пренесува БГНЕС.

Средбата се одржа по предлог на австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил, а на неа учествуваа министрите за одбрана од централноевропската иницијата, односно од Чешка, Хрватска, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Полска, Словачка, Словенија и Србија.

Доскоцил истакна дека договорот со Турција не се применува односно дека многу малку бегалци се вратени во оваа земја, а во исто време за 400 отсто е зголемен бројот на мигрантите кои пристигнуваат по грчките острови.

На овој начин во прашање се ставени и претпристапните преговори со Турција, истакна австрискиот дипломат, додавајќи дека доколку Турција во скоро време повторно ја воведе смртната казна, тогаш ЕУ е должна да се подготвиме за периодот кога овој договор веќе нема да биде на сила.

„Не може по вторпат да им кажеме на сонародниците дека Европската унија била изненаден од создадената ситуација. Врз основа на правните можности во одделни држави треба да се преземат мерки за заштита на надворешните граници со воени, полициски и цивилни сили. Австрија може да испрати 40 транспортни возила во Бугарија, а на Србија да и обезбеди 30 камери за ноќно набљудување“, појаснил Доскоцил, додавајќи дека министрите за одбрана може да упатат писмено барање за финансиска поддршка од ЕУ.

Министрите на средбата се договориле следен чекор да биде изготвување на план за акција, заедно со министрите за внатрешни работи на ЕУ, при што овој документ ќе треба детално да опише како ќе се дејствува и какви се можностите за сопирање на примената на договорот со Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП